Селекторот на Естонија, Карел Волајд, смета дека Македонија е силен ривал дури и кога на теренот нема да ја предводи Горан Пандев. Капитенот на македонскиот национален тим се врати во Џенова и нема да биде дел од составот на денешниот меч, а најавени се и уште неколку промени.
Сепак, Карел Волајд со голем респект гледа на Македонија која обезбеди пласман на Европското првенство.
„Тие се во победничка еуфорија. Може тоа да им даде крилја и на мечот со нас. Првиот дуел беше чуден, Македонија поведе од наша грешка, сите мислеа дека се е готово, но ние се вративме, дури и поведовме. Но, потоа Македонија се врати и секако заслужи реми на крајот од тој натпревар. Но, сега ќе биде поинаку, мислам и дека нема да биде толку отворена пресметка, нема да бидат постигнати повторно толки голови. Мора да бидеме максимално подготвени затоа што Македонија е силна и кога го нема Горан Пандев во составот“, изјави селекторот на Естонија.
Мечот се игра од 15 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, претпоследен е од тековниот циклус во Лигата на нации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













