Манчестер сити се огласи по обвинувањата од Премиер – лигата дека девет години, во периодот од 2009 до 2018 година, го прекршиле финансискиот фер-плеј. На „Итихад“ се изненадени од информациите, но и сакаат конечно да се стави крај на овој случај.
„Манчестер сити е изненаден од објавувањето на наводните прекршувања на правилата во Премиер лигата, особено со оглед на високото ниво на вклученост и огромното количество детален материјал што го доставивме до Премиер лигата. Клубот го поздравува разгледувањето на ова прашање од независна комисија која, непристрасно ќе го разгледа сеопфатниот корпус на неоспорни докази што постојат во прилог на нашиот став. Затоа, со нетрпение очекуваме засекогаш да ставиме крај на оваа работа“, се вели во соопштението на Манчестер сити.
Според англиските медиуми, Сити во перидот од девет години, 100 пати го прекршил финансискиот фер-плеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













