
Јувентус го чекаше Наполи за дерби на стартот на првенството, но „наполитанците“ не допатуваа затоа што добија забрана за напуштање на регионот од локалните власти во вид на заштита од ширење на пандемијата на коронавирусот. Тогаш позитивни беа Елиф Елмас и Пјотр Зиелински, а сега Јувентус има двајца позитивни на Ковид-19, Хуан Квадрадо и Алекс Сандро.
Тие се во изолација, а останатите фудбалери утре во раните утрински часови повторно ќе бидат тестирани и од тоа ќе зависи дали воопшто Јувентус ќе добие дозвола да отпатува за Милано на дербито против Милан на „Сан Сиро“. Доколку се појават уште неколку позитивни случаи, тогаш локалните здравствени власти можат да забранат тимот на Јувентус воопшто да тргне на пат за Милано.
„Во овој момент немаме докази за кластер. Но, ако има повеќе позитивни тестови, ќе мора да донесеме одлука со која ќе спречиме да се шири вирусот. Патувањето беше блокирано за сите да бидат повторно тестирани и ако треба, да бидат ставени во изолација“, изјави докторот Роберто Тесри, директор за заштита од заразни болести при клиниката во Торино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
