Connect with us

Влахо го анализира финалето на ЛШ: Три директни дуели ќе одлучуваат во пресметката за трофејот

Ете , дојде и денот каде што се става шлагот на тортата во фудбалските збиднувања во оваа 2020/21 фудбалска сезона. Најголемиот натпревар на сезоната и третпат во историјата целосно англиско финале. Со тоа што самите финалисти се од Премиер – лигата ни кажува за квалитетот на самата лига и колку оваа лига заедно со шпанската се лидерите на сите фудбалски збиднувања во светот.

Ова е прво финале за тимот на Сити, но пак трето финале за Пеп Гвардиола по двете освоени со легендарната генерација на Барселона. За Пеп по долги години работа во Баерн каде немаше успех во европските натпреваруваеа и сега после неколкуте неуспешни сезони со Сити во Лигата на шампионите прв пат ќе биде во финалето.Треба да се спомене дека преѕходните две титули Пеп ги освои против англиска екипа – Манчестер јунајтед.

Од друга страна ова е трето финале за Челси, каде еднаш го подигна пехарот и еднаш беше неуспешен. Но е пак второ финале – втора година по ред за Томас Тухел и тоа со различен тим што говори исто така за квалитетот на тренерот, неговата визија и интелигенција при играњето на вакви нокаут натпревари.

Челси двапати го победи оваа година Сити, со 1-0 во финалето на ФА купот и со 2-1 во првенството пред неколку недели. Мое мислење е дека овие натпревари беа само загревање за она што не очекува вечерва. Овие два натпревари можеби и ќе го сменат размислувањето на Гвардиола за изборот на тактиката за вечерашниот натпревар, а сме биле сведоци дека Пеп сака многу да екпериментира кога се во прашање нокаут натпреварите и да извлече неочекувани тактички решенија по цена и да биде неуспешен со истите. Во секој случај ова ќе биде голема битка помегу двајца навистина големи тактичари со неколку врвни играчи во двете екипи и со право може да се нарече финале.

Во оваа тактичка анализа ќе се обидам да произнесам тактички преглед на финалето но знаеме и сум свесен дека се може да се промени ако Пеп дојде до идеја да провлече некоја луда тактичка варијанта.

Предвидувањето на тимот на Пеп и нековата тактичка идеја е како руски рулет и никогаш не знаете на што сте. Во последниот нивни натпревар во првенството се појави во формација 3-3-2-2, но тогаш и одмораше голем дел од своите фудбалери бидејки првенството му беше одамна добиено, но се подготвуваше за тоа што го очекува денес. Мислам дека тој најверојатно вечервс ќе излезе со некоја сосем друга идеја и состав со четири дефанзивни играчи во последната линија. Сити беше многу успешен оваа година додека играше во систем 4-4-2 со две скриени или лажни деветки во тимот и бевме сведоци дека тој оваа година во многу малку наврати играше со класичен напаѓач во тимот. Тоа е новината која ни ја понуди оваа сезона.

Мое мислење е дека тие две лажни деветки ќе бидат Де Бруин и Феран Торес, кој се повеќе се наметнува во лидер на тимот и донесе многу важни победи оваа година. Претпоставувам дека во срцето на теренот ќе играа Гундоган и Фернандињо бидејки Бразилецот е класичен деструктивец и многу искусен играч, а тоа ќе му треба на Пеп бидејки ова е финале и поправен испит нема. Мора да мисли на брзите контри на Челси и со Фернандињо ќе проба тие контри да ги спречи уште на стартот. На страничните позиции во средниот ред би биле Фоден и Марез.
Марез ужива голема доверба кај Пеп бидејќи сите големи натпревари ги одигра на високо ниво и ги реши натпреварите со своите продори од десната страна кон голот и даде решавачки голови. Во одбраната централно покрај неприкосновените Стоунс и Дијас би биле лево Зинченко и Вокер десно. Мислам дека во однос на она што го игра Челси ќе се одлучи за Зинченко пред Кансело бидејки е побрз и е левучар.

Тухел откако дојде во Челси е далеку подоследен во изборот на играчи и во 100% од натпреварите почнува со истата формација. Се одлучуваше за промена само при негативен резулатат во последните минути од натпреварите.Така што не верувам дека ќе има некои драстични промени во тимот освен што некои играчи ке добијат посебни тактички задолженија. Би требало да почнат со Аспиликуета, Силва и Рудигер во последната линија.Странично би биле Џејмс и Чилвел. Во средината неприкосновените Канте и Жоргињо и во нападот Маунт, Вернер и очекувам да игра Пулишиќ, пред се поради неговата способност за дриблинг против високо поставената одбрана на Сити. Може да се одлучи и за Хаверц, но за мене предност има Пулишиќ.

Сега кога отприлика ги знаеме составите да видиме каде ќе се одвиваат главните битки и за кои тактички надмудрувања би се одлучиле тренерите.

За мене најголем дуел и од најголемо значење ке биде како Фернандињо ке се справи со Маунт. Во финалето на купот Маунт беше далеку поуспешен и ја правеше разликата на теренот. Фернандињо направи неколку грешки во затворањето на просторот и тоа Маунт во многу наврати успешно го искористи.
Маунт е еден од најдобрите играчи на Челси поради неговата брзина, продорност и највеќе поради поливалентноста што ја има. Се враќа да помогне во одбраната кога Канте ке излезе во пресинг и успешно ги затвора дупките. Исто така го има сегде на теренот напаѓа централно и се уфрла од втор план и многу често игра како крило. Играч без кого тешко може да се замисли Челси. Неговата игра многу ќе придонесе како ќе игра Челси вечерва бидејќи тој е играчот кој го прави вишокот во одредени зони на игра.

Вториот директен дуел е Де Бруин и Канте. Овие двајца се несомнено најдобрите на своите позиции во светот. Природниот талент на Бруин и неговата способност да ги игра сите позиции во средниот ред и нападот наспроти неверојатната работа која ја врши на теренот Канте ке биде дуел кој ќе се гледа со уживање. Сити играше практично без напаѓач сезонава и течноста која ја има нивниот систем и поливалентноста на Де Бруон и даваат посебен шарм на нивната игра. Најдобро се снаоѓа како офанзивен играч за врска и лажна деветка е новата улога која му ја даде Гвардиола.
Гвардиола со тоа сака да создаде вештачки пад на концентрација кај тројцата централни дефанзивци и да го искористи преку кратки додавања влез од втор план на своите офанзивци.

Наспроти него Тухел најверојатно ќе го постави Канте со неговата префектна игра во дефанзива за да ја задуши магијата на Де Бруин . Ако го стори тоа Челси може и да го добие натпреварот. Од овој дуел ќе зависат многу работи.

Третиот директен дуел ќе биде Марез против Рудигер. Марез го реши двомечот со ПСЖ и со неговата перфектна лева нога прави многу проблеми во противничките одбрани кога влага кон внатре и преставува дирекна опасност по голот. Немањето на класична деветка и товарот за постигнување голови е распределен кај сите играчи од напаѓачките редови а тоа Марез многу умешно го прави и ќе проба да го искористи просторот кој за него ќе го формираат Торес и Де Бруин.

Од друга страна за директен противник ќе го има Рудигер кој се препороди под водство на Тухел и максимално ја користи својата физичка моќ, но сега поткрепена и со интелигентна игра во одбрана.

Како две генерални тактики ке се судрат високиот пресинг на Гвардиола и форсирање на константен посед на топка и со тој посед кршење на отпорот на противникот и користење на моменталното невнимание при поместувањето во одбраната. Од друга страна ќе го имаме Тухел со перфектните контранапади и одлична транзиција по одземена топка во прва и втора зона што се покажа како клучен фактор во сите досегашни нокаут натпревари. Можеби Вернер после многуте промашени шанси и играч кој има најмногу поништени голови од ВАР – системот ќе биде човекот на одлука вечерва.
Тухел има играчи со голема енергија и играчи кои лесно се мотивираат и сакаат да покажат дека и тие вредат на фудбалската сцена. Ако Тухел се одлучи да игра високо и со игра во последната одбрана играч на играч ке преземе голем ризик и не верувам дека тоа ќе го направи во раниот дел од натпреварот. Тухел покажа дека знае да игра на резулатат и не верувам дека ќе отстапи од својот принцип и вечерва.

Притисокот мислам дека е поголем врз Сити и Гвардиола бидејки толку многу години вложувања во тимот и потрошени силни милиони за засилувања може да бидат голем товар за играчите на Сити во ова финале. Од друга страна Челси до ова финале стигна како скриен фаворит на сите натпревари и претставува најдоброто изненадување оваа сезона во Лигата на Шампионите и мислам дека и вечерва ќе биде скриен фаворит со голема шанса за успех.

Сепак, ова е финале и многу ќе значи и моменталната инспирација на фудбалерите од двете екипи. Финалињата се играат со многу емоции и многупати емоциите и инспирациите на одредени фудбалери кој со генијален потег го решаваат натпреварот ги побиваат сите тактики.

На крајот на краиштата финалето се игра за да се победи, а не да се игра убаво.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови