Connect with us

Вистинската причина зошто замина Меси: Платите во Барселона се „боли глава“

Лионел Меси ја напушти Барселона и ќе потпише договор со Пари Сен Жермен. Тоа е шокантен развој на настаните за фановите на „Камп Ноу“, но од друга страна и ја покажа расипничката стратегија на раководството на клубот.


Зад се ова стои очајната финансиска состојба на каталонскиот клуб, кој не можеше да го регистрира новиот договор со Меси, бидејќи ќе ги прекрши правилата на Ла Лига.

Најголем проблем беа огромните плати на речиси сите фудбалери во Барселона. Верувале или не, Барса минатата сезона имаше „дупка“ од 487 милиони евра, што е најголема годишна загуба во историјата на фудбалот. Секако, за тоа најмногу придонесе пандемијата на коронавирусот. Огромни расходи, а клубовите немаа можност за заработка, поради празните трибини.

По заминувањето на Меси, Гризман останува најплатен во Барселона со годишна плата од 23 милиони евра, Де Јонг има 20, потоа Кутињо со 18. Она што е најшокантно се платите на Умтити и на Пјаниќ, кои имаат по 12 милиони евра, Серхи Роберто заработува 10 милиони евра.

Како за споредба, највисоката плата што Серхио Рамос некогаш ја имал во Реал Мадрид, во неговиот последен договор, изнесуваше 12 милиони евра. Марсело, на пример, никогаш не заработил повеќе од 7 милиони евра.
Навивачите на Барса се уште се многу лути и имаат причина за тоа, а најголемиот виновник е поранешниот претседател, Хозеп Марија Бартомеу.

Тој ги потпиша договорите, преплатени беа Гризман, Кутињо и Дембеле, а тројцата заедно чинат околу 400 милиони евра. Беа зголемени платите на Умтити, Алба, Роберто на 12 милиони евра, додека, а на Миралем Пјаниќ му даде трипати поголема плата од таа што ја имаше во Јувентус. За споредба, Депај и Агуеро заедно имаат помала плата од Пјаниќ, иако како слободни агенти и во позиција да бараат далеку повисоки примања.

Ова доведе до фактот дека над 95% од вкупниот буџет на Барселона се троши само за плати, што е неодржливо. Според проценките, за да може да функционира еден гигант, буџетот за плаќање на плати не треба да надминува 65%.

Сето ова доведе до заминување на Меси и најтажниот ден во историјата на Барселона. И тоа е само почеток, бидејќи Барса веќе нема финансиска моќ, а има обврска да ги исплаќа скапите договори на своите фудбалери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови