Connect with us

Винисиус Жуниор експлодираше по замената во Ел Класико, а влезе во клинч и со Јамал (ВИДЕО)

Бразилецот Винисиус Жуниор блескаше на „Сантијаго Бернабеу“, но моментот кога Чаби Алонсо го повлече од игра во второто полувреме го предизвика неговиот најсилен емоционален момент на теренот. Долгиот пат кон соблекувалната го покажуваше целосното разочарување – зборови упатени кон клупата, ладна дистанца од соиграчите и лице исполнето со фрустрација.

По кратка пауза, Винисиус се врати на клупата, но не можеа да се смират тензиите. По крајот на мечот, ситуацијата кулминираше во вербален дуел со Ламин Јамал.


Бразилецот не штедеше гестикулации, покажувајќи дека Јамал „претерано зборува“, а Шпанецот возврати во иста мера. Малиот инцидент на клупите, иако брзо смирен, го долови интензитетот на емоциите кои го придружуваат секое Ел Класико.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови