Виктор Осимен, голгетерот на Галатасарај, е на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед, пренесуваат неколку турски медиуми. Според истите извори, нигерискиот ас веќе постигнал договор со „црвените ѓаволи“ околу личните услови и на „Олд Трафорд“ ќе заработува импресивни 15 милиони евра по сезона.
Иако официјално сè уште е играч на Наполи, Осимен оваа сезона ја минува како позајмен во редовите на турскиот шампион. И таму блеска – со 29 погодоци на 34 настапи под водство на Окан Бурук, Нигериецот стана омилен меѓу навивачите и кошмар за противничките одбранбени линии.
Осимен минатата година го продолжи договорот со Наполи, а според тој договор, заработуваше 10 милиони евра по сезона и имаше откупна клаузула вредна 120 милиони евра. Сепак, досега ниту еден клуб не се реши да ја активира таа сума – барем не досега.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













