Connect with us

Виктор Осимен е број 1 во Африка за 2023 година

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, е прогласен за најдобар африкански фудбалер за 2023 година. Церемонијата на доделувањето се одржа во Маракеш (Мароко).


Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, и дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, беа другите двајца номинирани за наградата.


За најдобар тренер е прогласен Валид Реграги, кој го предводеше Мароко до полуфиналето на Светското првенство во 2023 година во Катар.


Најдобар голман е Јасин Буну, Мароканецот од Ал-Хилал.


Осимен минатата сезона одигра 39 натпревари за Наполи, постигна 31 гол и забележа пет асистенции. 24-годишниот Нигериец им помогна на „наполитанците“ да ја освојат Серија А.


Во 2022 година, наградата за најдобар играч на годината му припадна на Садио Мане од Сенегал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови