Вест Хем е на пат да го „украде“ долго посакуваниот централен дефанзивец на Ница, Жан-Клер Тодибо, пред носот на Јувентус. Англискиот клуб понуди да го земе 24-годишниот дефанзивец на позајмица со обврска за откуп за 40 милиони евра, како и процент од неговата идна продажба, а францускиот клуб го прифати предлогот.
Капитенот на Вест Хем, Курт Зума, речиси сигурно заминува кон Обединетите Арапски Емирати, па „чеканите“ реагираа веднаш, планирајќи да доведат друг Французин во срцето на одбраната – токму Тодибо.
Францускиот централен дефанзивец долго време беше поврзуван со Јувентус, но неговиот клуб Ница не ја прифати понудата на „бјанконерите“.
Вест Хем реагираше со нова понуда, со цел колку што е можно побрзо Тодибо да ги помине задолжителните медицински прегледи.
Минатата сезона, дефанзивецот одигра 33 натпревари за својот тим, на кои имаше три асистенции. Вест Хем продолжува да биде многу активен на трансфер пазарот ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













