Раководството на Вест Хем му даде отказ на шпанскиот стратег Хулен Лопетеги поради незадоволство од резултатите на тимот, објави лондонскиот клуб.
„Првата половина од сезоната не беше во согласност со амбициите на клубот, поради што се преземени соодветни мерки“, се наведува во официјалното соопштение.
Управата му се заблагодари на Лопетеги и неговиот стручен штаб за вложениот труд и им посака успех во иднина. Лопетеги ја презеде функцијата на почетокот од оваа сезона, но во 22 натпревари неговиот тим оствари само седум победи, пет ремија и дури десет порази.
Вест Хем моментно е на 14. место на табелата во Премиер – лигата со 23 бодови, седум повеќе од зоната за испаѓање. Според британските медиуми, главен кандидат за нов менаџер на тимот е поранешниот тренер на Челси и на Брајтон, Грем Потер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













