
Германија ја оправда фаворитската улога на дуелот против Македонија во Скопје славејќи со 0-4. Двојниот стрелец Тимо Вернер вели дека бил тешко да се пробие бедемот на нашиот национален тим во првото полувреме.
„Секогаш е тешко на почетокот против ваквите репрезентации. Беше само прашање на време кога ќе постигнеме гол. Останавме упорни, на почетокот на вториот дел дојде првиот гол и потоа сè беше полесно“, изјави Вернер.
Германија е првата селекција што обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, а Македонија сега има тешка задача за баражот во трката со Романија и Ерменија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
