Connect with us

Венеција го враќа поранешниот голман на Манчестер Јунајтед во Италија

Серхио Ромеро е на чекор да се приклучи на новопромовираниот клуб во Серија А, Венеција, како слободен агент. Сосем неочекувано, Ромеро прерасна во еден од најдобрите резервни голмани на светот во Манчестер Јунајтед.

Сепак, неговата кариера драстично опадна откако му спротистави на Оле Гунар Солскјер по одлуката за негово отпаѓање од составот за полуфиналето на Лига Европа за 2019/20 сезона. Тогаш, Давид де Хеа играше од првата минута во неочекуваниот пораз од Севилја, па Ромеро беше длабоко повреден од одлуката.

Потоа, тој побара да го напушти Јунајтед тоа лето, но неговиот предлог за позајмица во Евертон беше блокиран. Расправијата потоа се влоши уште повеќе. Ова доведе до замрзнување на Аргентинецот од тимот, односно негова сузпензија се додека не му истече договорот ова лето. Тоа го осуди фудбалерот на разочарувачки крај на неговите шест години поминати во Манчестер.

Договорот на Ромеро со составот од “Олд Трафорд” и официјално заврши на крајот на мај и ниту еден клуб не постигна договор за да го доведе како слободен играч, меѓутоа, сега промовираната Венеција сега е близу до негов потпис.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови