Џордан Хендерсон нема да биде дел списокот на играчи на Герет Саутгејт на кои селекторот на Англија има намера да се потпре за ЕВРО 2024. Ова го соопштија „Скај спортс“ и „Ди Атлетик“, неколку часа пред Саутгејт официјално да ги објави имињата на неговите избраници.
Медиумите на Островот очекуваат селекторот да објави 33 играчи, а на 7 јуни групата треба да се намали на 26 играчи.
Хендерсон (33) има 81 натпревар и е редовен во последните шест големи шампионати за Англија. Тој важеше за еден од омилените фудбалери на Саутгејт.
Пред една година поранешниот капитен на Ливерпул го напушти „Енфилд“ за да му се приклучи на Ал-Етифак од Саудиска Арабија. Сепак, Саутгејт продолжи да го повикува во националниот тим, а во неколку наврати навивачите на „трите лава“ го исвиркуваа играчот од средниот ред на домашните натпревари на тимот.
Во јануари Хендерсон се пресели во Ајакс и Саутгејт дури го гледаше како игра во живо во холандскиот тим. Сепак, сега се чини дека ова ќе биде крај на кариерата на Хендерсон во репрезентацијата.
Според „Скај Спортс“, левиот бек на Челси, Бен Чилвел, исто така нема да биде во тимот.
Саутгејт денеска во 15 часот официјално ќе го објави својот список.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













