Connect with us

Венеција е полуфинална пречка за Николов и Лече во плејофот за Серија А

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов и Леонард Жута со тимот на Лече ќе ја имаат Венеција како ривал во полуфиналето на плејофот за пласман во Серија А. Венеција синоќа по продолженија го елиминира Киево победувајќи со 3-2. Победничките голови во продолжението ги постигнаа Јусеф Малех и Денис Јонсен.

Првиот полуфинален натпревар ќе се одигра на 17 мај во Венеција, а три дена подоцна е реваншот на „Виа дел Маре“. Во второто полуфинале Монца ќе се сретне против Читадела, а победниците во финална пресметка ќе играат за пласман во елитата.

Advertisement

Facebook

Тимови