Вејн Руни во интервју за „Би-би-си“ откри една од најжестоките конфронтации што ја имал со легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон. Шкотскиот стратег беше познат по своите жестоки „фен терапии“, во кои немилосрдно ги критикуваше играчите доколку не беше задоволен од нивниот настап.
Руни се присети на еден од најлошите моменти во нивниот однос, кој се случил за време на натпреварот против Портсмут во сезоната 2009/10.
„О, да, се случувало. Кога беше лут, Сер Алекс знаеше да биде застрашувачки. Понекогаш заслужено, понекогаш не. Но секогаш знаеше кога и како да го направи тоа за да добие посакуван ефект. Еден момент никогаш нема да го заборавам – игравме против Портсмут и водевме со 1-0 на полувреме. Јас го постигнав голот, но и покрај тоа, тој влезе во соблекувалната и буквално се нафрли на мене. Почувствував дека беше неправедно и му вратив. Веројатно дури и премногу. Беше малку непочитливо. Подоцна разговаравме и ми даде до знаење дека не можам така да му се спротивставувам. Излегов на терен и постигнав уште два гола, комплетирајќи хет-трик“, раскажа Руни.
Манчестер Јунајтед тој натпревар го доби со 4-1, а легендарниот напаѓач призна дека веднаш по завршувањето на средбата, двајцата ја „закопале воената секира“.
„Секогаш после натпреварите, Сер Алекс беше во автобусот. Тоа беше неговиот начин. Ќе поминеше покрај нас, ќе земеше чај или кафе, и ќе те потапкаше по главата – тоа му беше сигнал дека сè е во ред и дека инцидентот е заборавен. Ако тоа не се случеше, тогаш навистина ќе се загрижевме! Неговиот строг пристап беше неопходен. Понекогаш изгледаше преголемо, но во суштина, знаеше кога да биде строг и кога да биде опуштен“, додаде поранешниот англиски репрезентативец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













