Борусија Дортмунд ја оствари четвртата последовна победа во Бундес-лигата совладувајќи го Лајпциг со 3-2. Сега „милионерите“ со 60 бода се наоѓаат на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите, но утре Ајнтрахт Франкфурт го пречекува Мајнц. Ова и дефинитивно му овозможува на Баерн Минхен на денешниот меч против Борусија Менхенгладбах да ја слави шампионската титула.
Ројс и Санчо донесоа предност од 2-0 за Борусија Дортмунд, но Лајпциг возврати преку Клостерман и Олмо. Сепак, Џејдон Санчо во 87.минута донсе важен триумф за домаќинот.
Волфсбург беше сигурен и славеше со 3-0 дома против Унион Берлин. Бласкаше хрватскиот интернационалец Јосип Брекало кој постигн хет – трик.
Хофенхајм со пресврт и со четири гола во второто полувреме го совлада Шалке со 4-2, а Вердер и Баер Леверкузен одиграа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













