По поразот од Шкендија во Тетово, минимално со 1-0, Вардар сега повторно е на минус осум бода од тетовци во трката за шампионската титула.
Но, шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски е револтиран од судењето на дерби пресметката потенцирајќи дека постојано се оштетувани во секој дуел со Шкендија.
„Повторно сме оштетени. И на двата натпревари со Шкендија судиите со одлуки контра нас. Очигледно се нема ист аршин во судењето. Играчите се нервозни, незадоволни, но нема враќање назад. ФФМ треба да се запрашаат малку околу начинот на делегирање на судии. Што се однесува до натпреварот мора да признаеме дека немаше некоја голема убавина. Единствено во првите 30 минути Шкендија беше подобра, а потоа воспоставивме контрола и не заслуживме пораз“ – изјави Васоски по натпреварот во Тетово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













