Силекс во последните мигови од судиското продолжение успеа да постигне гол и да слави триумф (0-1) против Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ во последниот меч од седмото коло во Првата фудбалска лига.
Дарко Додев беше стрелец на голот, откако дефанзивците на Вардар беа невнимателни, топката го удри Чосиќ во грбот, се врати пред голот на Вардар, а таму се најде осамен Дарко Додев и постигна гол.

Во прв момент беше досудена офсајд позиција, но судијата Пилешков се консултираше неколку минути со својот асистент и на крајот сепак покажа на центарот.
Марко Ѓорѓиевски претходно во 75.минута имаше колосална можност да го отвори резултатот, но направи потег повеќе и беше спречен, а вториот обид на Осман Маронг успеа да го сопре Гачевски.
Најдобрата шанса за Вардар ја имаше Дијанеси во 71.минута, кога со удар со глава се закани кон голот на Силекс, но Џеков успеа да одбрани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













