
Управниот одбор на ФФМ на својата денешна седница донесе одлука да ја прифати замрзнатата табела од Првата македонска фудбалска лига за конечна со што го прогласи Вардар за фудбалски шампион на Македонија за сезоната 2019/2020.
„Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на замрзнатата табела на МФЛ од натпреварувачката сезона 2019/2020 година по одиграно 23. коло од Прва МФЛ и 17. коло од Втора МФЛ со која првопласираните екипи од Втора МФЛ – Исток и Втора МФЛ – Запад се промовирани во Прва МФЛ од натпреварувачката сезона 2020/2021 и ФК Вардар како првопласиран тим во натпреварувачката сезона 2019/2020. Иако, како првопласираната екипа, ФК Вардар доби можност да учествува во квалификациите од УЕФА Лига на Шампиони, поради недобиената лиценца за УЕФА натпреварувања, ФК Вардар нема можност да го искористи правото кое му следува како првопласирана екипа за натпреварувачка 2019/2020“ – се вели во соопштението од ФФМ.
Но, Силекс ќе биде македонскиот претставник во квалификациите од Лигата на шампионите во новата сезона.Кратовци во моментот на прекин на ПМФЛ се наоѓаше на втората позиција на првенствената табела веднаш зад лидерот Вардар кој поради финансиски проблеми не доби лиценца за настап во европските натпреварувања. Токму поради тоа, Силекс го презема местото на Вардар во квалификациите за ЛШ.
Во квалификациите за Лигата на Европа Македонија ќе ја претставуваат Шкендија, Ренова и Шкупи.
Меѓу останатите одлуки, Управниот одбор на ФФМ го усвои календарот за натпреварувачката сезона 2020/2021. Согласно календарот за натпреварување, Прва МФЛ ќе започне на 9. август 2020 година, додека на 22. август ќе стартува новата сезона од Втора МФЛ. Шеснаесет финалните натпревари од Купот на Македонија ќе започнат на 23. септември 2020. Управниот одбор на ФФМ донесе одлука летниот преоден рок да трае цели дванаесет седмици, односно летниот преоден рок ќе заврши на 6. септември 2020 година.
Управниот одбор на ФФМ донесе и одлука за промена на терминот на одржување на Редовното Годишно Собрание на ФФМ. Доколку условите дозволуваат, 12. јули 2020 година ќе биде датумот на одржување на Редовното Годишно Собрание на ФФМ.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Евро-фудбал
Долга пауза за дефанзивец на Баер Леверкузен

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Евро-фудбал
Хавиер Тебас останува прв човек на Ла Лига

Евро-фудбал
Рома со пресврт до триумф против Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тотенхем остана непоразен на „Итихад“ (ВИДЕО)
