Вардар оствари триумф од 0-1 против Работнички во 79. соседско дерби и ја продолжи серијата без пораз на 16 натпревари. Гоце Седлоски излезе на терен со најсилниот тим во моментот, веројатно како последна проверка и пред финалето на Купот, додека Горан Станиќ им даде шанса и на фудбалери кои досега имаа помала минутажа откако Работнички обезбеди пласман во Европа.
Вардар победи со гол од пенал. Во 68.минута пеналот го реализираше Горан Закариќ.
Шкупи на Чаир го пречека Тиквеш. Мечот заврши 1-1, со што кавадаречкиот тим го осигура опстанокот. Даниел Миловановиќ од пенал погоди за Тиквеш во 39.минута, а израмни Демир Имери три минути подоцна со прекрасен удар од далечина.

Струга ТЛ одигра 1-1 против Брера. Кехинде беше стрелец за стружани во 19.минута, а Нзенгуе погоди за Брера четири минути подоцна. На овој натпревар за Струга ТЛ на голот стартуваше Раиф Мирселоски, кој ја заврши активната фудбалска кариера.
Во Кратово, Силекс го пречека Пелистер и ремизираше без голови.
ПРВА ЛИГА, 32. коло – резултати
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-1
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 0-0
ШКУПИ – ТИКВЕШ 1-1
СТРУГА ТЛ – БРЕРА 1-1
БЕСА – ВОСКА СПОРТ 3-0 (службено)
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 0-3 (службено)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













