Најтрофејниот македонски клуб Вардар ремизираше без голови против српскиот првак Црвена Звезда на подготовките во Анталија. Тимот на Александар Васоски по низата порази покажа дека има квалитет токму против составот што играше во групната фаза од Лигата на шампионите оваа сезона.
Црвена Звезда повеќе ја имаше топката во посед, но Вардар одлично се бранеше. Вулиќ имаше силен шут од далечина, но Гачевски одбрани, а во 32.минута убава шанса имаше Боачи. Во вториот дел, шанси имаа и Томане, Гавриќ и Крстовиќ, но мрежата на Вардар остана мирна.
Тренерот Александар Васоски мечот го започна со следниот состав: Гачевски, Тошевски, Младеновски, Брдаровски, Реис Жуниор, Мицевски, Димоски, Аврамовски, Попзлатанов, Ибиши.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













