Најтрофејниот македонски клуб Вардар по цели 18 години ќе игра во финалето на Купот на Македонија, откако денеска одитра 1-1 против Брера во Струмица и го потврди пласманот во мечот за трофејот, по триумфот од 3-0 на првиот дуел во Скопје.
Христијан Јанкулоски ја доведе Брера во водство во 34.минута, но израмни Михаил Талевски во 58.минута од мечот.
Многу понеизвесно беше на дуелот меѓу Струга ТЛ и Шкендија. Сѐ уште актуелниот шампион Струга ТЛ успеа да ја елиминира Шкендија откако денеска одигра 1-1 на домашен терен, но славеше со 1-2 на првиот меч во Тетово.
Хоган Укпа во 20.минута донесе водство за Струга ТЛ на денешниот меч кој се играше под силен дожд, а Сава Радич во 93.минута постигна автогол. Сепак, веќе беше јасно дека стружани ќе бидат дел од финалето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













