Вардар продолжува со низата победи во домашниот шампионат, славејќи убедливо со 3-0 против Струга Трим Лум во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Црвено-црните“ до триумфот дојдоа во второто полувреме кога успеаја да го скршат отпорот на стружани. Бразилецот Реис Жуниор погоди во 59. и во 64. минута, а конечните 3-0 заокружени од страна на Филип Најдовски во 82. минута.
До триумфот дојдоа и „лавовите“ против Борец со 3-1 со пресврт откако велешани рано поведоа со голот на Прелчец. Но потоа следеа погодоците на Фернандо Карваљо и Дејан Блажевски во второто полувреме за 2-1, а Бенјамин Демир во третата минута од судиското продолжение заокружи на 3-1.
Шкупи дојде до минимална победа од 1-0 против Силекс благодарение на погодокот на Бразилецот Сержо Жуниор во 58. минута.
ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 5. КОЛО….
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (3-0)
Реис Жуниор 59′, 64′, Најдовски 82′
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (3-0)
Жуниор 19′, Алими 38′, Тотре 90′
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС (1-0)
Серџо Жуниор 58′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (3-1)
Едуардо Карваљо 39′, Блажевски 72′, Демир 90’+3 – Прелчец 4′
ВЧЕРА
АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА 2-0
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal