
Дуелите меѓу Шкупи и Вардар секогаш предизвикуваат посебно внимание. Оваа сезона „црвено-црните“ се обидуваат да обезбедат опстанок во елитата, а Шкупи е во трка за шампионската титула. Бодовите им се потребни и на двете екипи, па се очекува повторно жестока пресметка.
Младинскиот репрезентативец Хамза Рамани најави дека Шкупи размислува само за триумф.
„Мора да го победиме Вардар. Ја знаеме нашата цел и максимално сме фокусирани да ја оствариме. Со поддршката од нашите фанови, уверен сум дека ќе славиме триумф на денешниот натпревар“, изјави Рамани.
Во Кавадарци, Тиквеш ќе се сретне со Силекс. Кратовци беа во низа од две победи пред репрезентативната пауза и ќе се обидат да ја продолжат, додека домаќинот сака со триумф да се израмни со Силекс на табелата. Ова е пресметка на екипи кои се наоѓаат на позиции 4 и 5 на табелата.
Останатите натпревари од 25.коло во Првата лига се играат утре.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 25. КОЛО
ШКУПИ – ВАРДАР (денеска, 15 часот)
ТИКВЕШ – СИЛЕКС
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ (утре, 15 часот)
СТРУГА ТЛ – ВОСКА
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дани Алвеш ослободен од обвинението за силување

Евро-фудбал
Дани Олмо ќе паузира најмалку две седмици
