
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се раздели со шефот на стручниот штаб Срѓан Захариевски. По вчерашниот пораз (1-0) од Пелистер, Вардар остана закован на дното на табелата со само осум освоени бода.
“Фудбалскиот клуб Вардар ја информира јавноста дека Срѓан Захариевски повеќе нема да ја извршува функцијата шеф на стручен штаб.
Во името на клубот му се заблагодаруваме за целиот ангажман и посветеност со која ги предводеше црвено-црните и му посакуваме многу успех во иднина”, соопшти ФК Вардар.
Сезоната како тренер на Вардар ја почна Горазд Михајлов, потоа тимот привремено го презеде Горан Петревски – Чунга, а не успеа ниту ангажманот на Срѓан Захариевски. Клубот е во очекување на четвртиот стратег по само 13 одиграни кола.
Итна е ситуацијата во Вардар, па веќе се преговара и за наследникот на Захариевски. Повторно најсериозен кандидат Гоце Седлоски, кој би дошол заедно со Матија Мирков, кој пред неколку седмици замина од Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
