Најтрофејниот македонски клуб Вардар претстави уште едно странско засилување. Нов играч на „црвено-црните“ е Горан Закариќ, босански интернационалец кој игра на крилните позиции.
Тој има 31 година, игра на позицијата крилен напаѓач, а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Широки Бријег, Зрињски, Локомотива Загреб, Универзитатеа Крајова, Борац Бања Лука, Задар, Славен Белупо и Аиоликос.
Има освено две шампионски со екипите на Борац Бања Лука и Зрињски, како и два Купа со екипите на Железничар и на Партизан. Во сезоните 2017/18 и 2020/21 бил прогласуван за најдобар играч на сезоната, настапувајќи за Железничар, односно за Борац Бања Лука.
За националниот тим на БиХ има вкупно 11 настапи, додека за младата селекција до 21 година има забележано 13 настапи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













