Најтрофејниот македонски клуб Вардар во базата во Хиподром денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона.
Тренерот Горазд Михајлов засега има на располагање поголем дел од фудбалерите од минатата сезона, вклучувајќи го и првото засилување, дефанзивецот Филип Најдовски, кој по четири години се враќа во клубот.
Најавите се дека ќе пристигнат уште седум – осум нови имиња, со кои „црвено-црните“ ќе имаат респектабилен состав за новата сезона во македонскиот шампионат.
„Вардар е бренд, а вие сте тука затоа што веруваме во вас. Заедно треба да го вратиме Вардар таму каде што бил во минатото“, им потенцираше тренерот Горазд Михајлов на фудбалерите во пресрет на првиот тренинг.

Неодминлив декор секако се и Комитите, кои ги поздравија фудбалерите со факели и со транспарентот „Вардар засекогаш“.
„Знаеме сите што претставува Вардар, најголемиот бренд. Благодарност до Комитите за сѐ што направија, денеска имаме еден нов почеток, ќе работиме напорно да се подготовиме добро, верувам дека ќе имаме и неколку нови засилувања и ростер што ќе биде конкурентен во новата сезона“, изјави Горазд Михајлов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













