Холандскиот стратег Руд ван Нистелрој го привлече вниманието на тимот на Барнли, кој би можел да го назначи за нов менаџер, тврди британските медиуми.
Ван Нистелрој го напушти Манчестер Јунајтед откако новиот тренер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, одлучи дека не го сака во неговиот тренерски штаб. Сепак, неговата добра работа во Манчестер Јунајтед и во холандскиот гигант ПСВ Ајндховен оставила добар впечаток кај раководството на Барнли, кое, според гласините на Островот, е подготвено да му понуди да го води тимот.
Секако, ова ќе се случи само доколку дојде до разделба со сегашниот менаџер, Скот Паркер.
Под водство на Руд ван Нистелрој, Манчестер Јунајтед одигра четири натпревари, од кои победи на три и еднаш одигра нерешено, при што ремито беше против Челси, кој се бори за место во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













