Селекторот на Холандија, Луј ван Гал, не може да биде среќен откако неговата селекција загуби на пенали од Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство. 71-годишниот стратег нема загубено ниту еден меч во регуларното време откако ги презеде „лалињата“. Сепак, тој е разочаран што не успеа да ја исполни големата цел – светската титула.
„Момците дадоа сѐ од себе, но тоа е дел од спортот. Начинот на кој се случи беше многу драматичен. На крајот, расположението во соблекувалната беше страшно. Само им се заблагодарив на играчите. Тоа беше најдобриот тим со кој сум работел во мојата кариера, тоа беше убав подарок за мене овие години. Откако го презедов тимот имаме 20 победи и ниту еден пораз. Не може да се каже дека се претставивме лошо… Но, сепак, загубивме на пенали…“, изјави Ван Гал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













