
Манчестер Јунајтед одлучи да го ослободи холандскиот репрезентативец Дони ван де Бек, кој не доби шанса ниту кај новиот менаџер Ралф Рангник, пренесува „ЕСПН“.
Еден од најважните играчи на Ајакс кој блескаше на европската сцена во последните години (финале на Лига Европа 2017, полуфинале во Лигата на шампионите 2019 година) беше Дони ван де Бек. Одличниот играч за врска остана во редовите на амстердамскиот клуб подолго од некои други ѕвезди како Матијс де Лихт и Френки де Јонг, а потоа во летото 2019 година тој и клубот проценија дека тоа е идеално време за трансфер.
Ван де Бек меѓу многуте великани од најсилните европски лиги, од Шпанија преку Англија до Италија, на крајот го избра Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ на Ајакс му платија 39 милиони евра, а Ван де Бек потпиша петгодишен договор со месечна плата од речиси половина милион фунти.
Во првите неколку недели се беше идилично, но во меѓувреме околностите се променија до тој степен што 24-годишниот Холанѓанец со месеци очајно им порачува на челниците на Јунајтед дека сака да си замине од „Олд Трафорд“.
Не успеа да се наметне во тимот што го предводеше Оле Гунар Солскјер, ниту во овој што го предводи Ралф Рангник. Собра само седум настапи во Премиер – лигата оваа сезона и на теренот помина вкупно мизерни 67 минути.
Затоа, не е чудно што Ван де Бек со сите сили се бори да го напушти „Театарот на соништата“, а се чини дека спасот ќе го бара во италијанскиот гигант Јувентус, тврди „ЕСПН“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
