Ливерпул дојде со два гола предност од „Енфилд“, но ги загуби по првото полувреме во Шпанија. Сепак, Јирген Клоп успеа да го крене тимот на полувремето, а потоа истрча на теренот вистинскиот Ливерпул, за 12 минути постигна три гола и на крајот славеше со 2-3 (вкупно, 2-5).
Дефанзивецот Вирџил ван Дајк откри какви биле советите на Јирген Клоп на полувремето.
„Ни рече да играме во наш стил, да бидеме Ливерпул, онака како што игравме цела сезона. Освоете ја топката, имајте многу движења со топката, но и во последната линија. Со брзината моравме да го наттрчаме противникот. Ни кажа и дека сака да види дали воопшто сакаме да стигнеме до финалето. И бевме одлични во вториот дел. Дадовме три гола, па дури и со едно лошо полувреме во двомечот, на крајот сосема заслужено сме во финалето“, изјави Ван Дајк.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













