Connect with us

Валтер Мацари е нов тренер на Елмас во Наполи

Италијанскиот шампион Наполи има нов тренер, тоа е Валтер Мацари, соопштија од клубот. На овој начин „партенопеите“ се разделуваат со претходниот стратег Руди Гарсија.


Договорот на 62-годишниот тренер е само до крајот на сезоната, со плата од 1 милион евра, плус бонуси. Мацари е на чело на Наполи по вторпат, а претходно беше меѓу октомври 2009 и мај 2013 година, што е негов единствен фудбалски трофеј. Тој во својата тренерска кариера беше на чело и на екипи како Ливорно, Реџина, Сампдорија, Интер, Вотфорд, Торино и Калјари, од каде беше ослободен пред година и пол.

Од друга страна, Руди Гарсија издржа само 16 натпревари на чело на Наполи, откако го наследи Лучијано Спалети во летото.

Во Серија А и Лигата на шампионите, Французинот го предводеше тимот до осум победи, четири ремија и четири порази. Тоа ги остава наполитанците на четвртото место во италијанската елита, со 10 бода зад лидерот Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови