Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, има нов дополнителен проблем во пресрет на стартот на подготовките за мечевите од Лигата на нации против Грузија и против Бугарија.
Покрај Дарко Чурлинов, кој ќе отсуствува два месеци, на повреда се пожали и Валон Етеми кој поради повреда не играше за Истанбулспор во ремито 2:2 против Бешикташ. Неговиот настап на претстојните мечеви со Грузија во петок во Тбилиси и со Бугарија во понеделник во Скопје е крајно неизвесен.
„После магнетната резонанца при прегледот на Етеми е констатирано истегнување на горниот преден десен мускул на ногата. Се надеваме дека брзо ќе закрепне и ќе се врати на теренот“, објавија од Истанбулспор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













