Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година предводена од селекторот Благоја Милевски ги одработува последните подготовките за утрешниот пријатески дуел со селекцијата на Словенија во Терме Чатеж.
Нашите фудбалери против Словенија ќе го имаат последниот тест пред стартот на новиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство во Романија и Грузија.
Фудбалерот од средниот ред Томче Гроздановски вели дека Словенија е квалитетна репрезентација.
„Секогаш е посебно чувството кога играш за својата земја. Ми претставува огромно задоволство што сум дел од овој тим предводен од селекторот Благоја Милевски. Имаме одлична група на млади фудбалери што знаат колку вреди да се носи дресот со државен грб. Ги слушаме советите од селекторот, подготвени сме да дадеме се од себе за да ги исполниме неговите желби. Не очекува тежок натпревар, против репрезентација која има квалитет и располага со добри млади играчи. Ова за нас претставува последен тест пред претстојните квалификации“, вели Томче Гроздановски.
Напаѓачот на Македонија ЃП, Арби Воша, верува во квалитетот на нашата репрезентација и очекува победа.
„Се подготвуваме одлично за претсојниот предизвик во Словенија. Функционираме како една група, подготвени сме да дадеме се од себе на секој натпревар што го играме, а така ќе биде и утре. Ги знаеме квалитетите на Словенија, земја која треба да се респектира, но ние утре идеме на победа. Очекувам добар натпревар, и се надевам дека ќе се покажеме во одлично светло”, вели Арби Воша.
Младата македонска селекција до 21 првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство во Романија и Грузија го игра против Франција на 2 септември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













