
Македонскиот шампион Шкендија со триумф ги стартуваше подготовките за настап во Лигата на шампионите. Првиот тест во Словенија мина успешно, мимимално е совладана Олимпија Љубљана со 1-0. Стрелец на голот за Шкендија беше играчот за врска Енур Тотре во првото полувреме.
На овој натпревар за првпат по седум месеци пауза настапи напаѓачот Бесарт Ибраими, кој се враќа по повредата на коленото и треба да биде големо засилување за Шкендија за настапите на европска сцена.
Тренерот Ќатип Османи на стартот од натпреварот го одреди следниот тим: Реџепи, Мурати, Муслиу, Чешмеџиев, Мици, Хусмани, Алими, Радески, Тотре, Нафиу, А. Ибраими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
