
Германскиот првак Баерн Минхен би можел да го доведе Рафаел Гереиро кому му истекува договорот со Борусија Дортмунд. Португалецот веќе се збогувал со соиграчите и му соопштил на клубот дека нема да потпише нов договор, а следниот тим ќе го избере како слободен играч.
Тоа може да биде Баерн Минхен, бидејќи Томас Тухел одлично го познава Гереиро и би сакал да го има во својот тим.
Жоао Кансело ќе биде вратен во Манчестер Сити, Бењамин Павар најави дека сака да направи трансфер на лето, па ќе бидат многу потребни засилувања во одбраната.
Бидејќи ниту Дејли Блинд не доби шанса да се бори за нов договор, јасно е дека Тухел ќе мора да му донесе конкуренција на Алфонсо Дејвис.
Гереиро пристигна во Дортмунд во летото 2016 година од Лориен, кога на кормилото беше Тухел, па јасно е дека тоа може да биде клучно во преговорите за негова преселба во Минхен.
Гереиро е заинтригиран од понудата на Баерн и наводно повеќе би сакал да остане во Германија, иако има преговори и со Атлетико Мадрид.
Доколку се пресели во Баерн, ќе ја продолжи серијата на играчи кои се преселија од Дортмунд во Минхен како Роберт Левандовски, Марио Геце и Матс Хумелс, кој подоцна се врати во Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца
