
Францускиот интернационалец Самуел Умтити потпиша нов договор со Барселона и повторно се повреди. Тој во текот на кариерата е најпознат по преголемото отсуство поради повреди, а на денешниот тренинг се здоби со нова повреда.
Францускиот стопер ја скрши метатарзалната коска на стапалото, па поради тоа утре ќе мора да оди на операција. Тој ќе има пауза од неколку месеци, поради што може да го пропушти остатокот од сезоната.
Барселона долго време се обидуваше да се ослободи од Умтити, а пред неколку дена одекна неверојатна вест дека неговиот договор е продолжен до 2026 година. Причината за овој потег на Барса е што Умтити се согласи на намалување на платата, а тоа беше неопходно за клубот да го регистрира Феран Торес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
