Македонскиот прволигаш Шкупи ќе бара нов шеф на стручниот штаб во зимската пауза. Досегашниот стратег Умит Каран продолжува во редовите на турскиот второлигаш Менеменспор.
„Имавме незавршена работа со Шкупи од претходно. Тимот што јас го презедов на последното го донесов до второто место. Во мојата држава, јас секогаш сакав да оставам нешто за нашите деца. Меѓу неколку понуди, ја одбрав понудата на Менеменспор. Се договоривме, доаѓам утре да потпишеме договор. Би сакал да му посакам се најдобро на претходниот тренер Ченк Лалечи. Се надевам дека докажав дека можам да носам успеси со Шкупи и ќе се обидам тоа истото да го сторам и со Менеменспор. Ветив дека ќе го водам тимот кон поголеми успеси“, изјави Умит Каран.
Шкупи со 33 бода се наоѓа на втората позиција на табелата во македонскиот шампионат, со шест бода негатива во однос на лидерот Шкендија.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













