
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде без помошта на напаѓачот Бојан Миовски на претстојните два квалификациски натпревари за ЕВРО 2024 против Украина и против Англија, но и ривалите се соочуваат со проблеми.
Украина остана без првиот напаѓач Роман Јаремчук, фудбалерот на Клуб Бриж, кој поради повреда нема да биде во можност да одговори на репрезентативниот повик. Неговото место треба да го заземе Наразиј Русин од Зорја. Неизвесен е настапот и на Витали Миколенко, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Евертон.
Англија исто така има проблеми, и тоа со еден од најдобрите фудбалери. Џуд Белингем, кој беше прогласен за најдобар играч за изминатата сезона во Бундес-лигата, има проблеми со коленото и најверојатно ќе замине на операција. Тоа значи дека ќе го пропушти јунскиот циклус од квалификациите за ЕВРО 2024.
Македонија ќе ја пречека Украина во Скопје на 16 јуни, а три дена подоцна ќе гостува на „Олд Трафорд“ против селекцијата на Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski