Шкендија е најдобриот македонски клуб на европската сцена во последната деценија. На истекот од 2020 година, Европската фудбалска организација (УЕФА) го објави ранкингот на клубовите согласно успехот во европските купови во последните десет години. Шкендија се најде на 284. место на клупската ранг – листа на УЕФА и е најдобриот македонски клуб.
Меѓу 500 клуба на оваа рангирање се наоѓаат уште два македонски клуба. Вардар е на 366. место, додека Работнички е позициониран на 380. позиција.
Реал Мадрид е најдобриот европски клуб во изминатата деценија, пред Баерн Минхен, Барселона, Атлетико Мадрид и пред Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













