Connect with us

УЕФА речиси двојно ќе ја зголеми помошта за клубовите кои не играат во Европа

Фудбалските клубови кои нема да се квалификуваат за натпреварувањата на УЕФА од следната сезона ќе добиваат поголем дел од приходите од европското раководно тело, според новиот модел на дистрибуција, објавен денеска. УЕФА и Европската клупска асоцијација (ЕКА) потпишаа обновен работен договор до 2030 година што ќе „ја зајакне долгорочната стабилност и одржливиот раст на европскиот клупски фудбал“, се вели во соопштението на Европската фудбалска организација.


Промената стапува на сила од почетокот на сезоната 2024/25, што се совпаѓа со новиот формат во Лигата на шампионите на УЕФА, Лигата на Европа и Европската конференциска лига. Според новиот модел за циклусот 2024-2027 година, седум проценти од приходите на УЕФА од трите натпреварувања ќе бидат распределени на клубовите кои не се натпреваруваат во нив, а моментно добиваат четири проценти.

Асоцијацијата на европски лиги, која ги претставува професионалните фудбалски лиги во Европа, рече дека промената ќе донесе 308 милиони евра што ќе ги поделат клубовите кои не учествуваат, што е повеќе од сегашните 175 милиони евра.

„Денешното соопштение ќе им помогне на сите клубови ширум Европа да ја одржат својата конкурентност на теренот и надвор од него, а истовремено да продолжат да инвестираат во развојот на младите и талентите“, се вели во соопштението на УЕФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови