
Фудбалската репрезентација на Македонија со 26 фудбалери ќе учествува на Европското првенство. УЕФА ја потврди информацијата дека селекциите на ЕП ќе можат наместо досегашните 23 играчи, да ја дополнат листата на учесници за уште тројца. Селекторот Игор Ангеловски за премиерниот настап на Македонија на собирот на најдобрите репрезентации на континентот ќе може да поведе 26 фудбалери.
Тројца фудбалери ќе бидат запишани како резерви, а во официјалниот протокол и понатаму ќе има 23 фудбалери. УЕФА донесе ваква одлука поради проблемите со пандемијата на коронавирусот, селекторите да имаат доволен фонд на играчи.
Селекторот Ангеловски ќе мора да го достави списокот на фудбалери до 1 јуни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal