
Се враќаат фановите на трибините во италијанскиот фудбал. Оваа убава вест ја сподели првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина. Тој вели дека на почетокот на јануари мечевите во италијанското првенство би можеле да се играат со делумно пополнети трибини на стадионите.
„Во јануари би можел да биде направен првиот чекор кон нормализација и навивачите постепено да се враќаат на трибините. Секако, не може да се очекува веднаш да има дозвола за пополнување на цел капацитет на стадионите, но одреден број секако да. Ако можат да бидат отворени скијачките центри, како и други спортски објекти во Италија каде се собираат поголем број луѓе, тогаш зошто да не се врати публиката и на стадионите. Серија А оваа сезона е мошне возбудлива, а тоа поради празните трибини на стадионите не може да дојде комплетно до израз“, изјави Габриеле Гравина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
