Connect with us

Убава вест: Себастијан Але во јануари се враќа на тренинзите

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, би можел да се врати на тренинзите на тимот во текот на јануари. На напаѓачот му беше дијагностициран рак на тестисите по што мораше веднаш да прекине со фудбалот и да се посвети на хемотерапиите. Му беа извршени и неколку операции, а како што пренесува „Билд“, тој сега се чувствува многу подобро.


Се очекува Себастијан Але брзо да добие дозвола за враќање на терените. Тоа секако се одлични вести и за играчот и за Борусија Дортмунд и за многубројните фанови од целиот свет кои му даваат поддршка.


Себастијан Але дојде во Борусија Дортмунд од Ајакс како замена за Халанд, кој направи трансфер во Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови