Мохамед Ихатарен (21) е уапсен на неговата роденденска забава, пишува холандски „Телеграф“. Во неделата тој е уапсен под сомнение дека ја нападнал својата поранешна девојка.
Ихатарен моментно е во притвор и не му е првпат. Во ноември минатата година тој беше приведен и поради закани.
Минатиот септември беше запален неговиот автомобил „Porsche Panamera“ вреден 180.000 евра. Полициската истрага откри дека мафијата го запалила автомобилот на Ихатарен.
Ихатарен беше еден од најголемите таленти во холандскиот фудбал, член на Јувентус, а за неговата кариера се грижи агенцијата на починатиот менаџер Мино Раиола. Во својата кариера беше член на ПСВ, Јувентус, Сампдорија и на Ајакс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













