
Турскиот фудбалски шампионат, прекинат поради нападот врз судијата во понеделникот, ќе продолжи на 19 декември, соопшти денеска претседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ) Мехмет Бујукекши.
„Сите лиги ќе продолжат во вторник на 19 декември“, изјави Бујукекши.
Турскиот шампионат беше прекинат откако претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча, го удри судијата Халил Умут Мелер по крајот на натпреварот против Ризеспор. Коча истрча на теренот по последниот свиреж на судијата и со тупаница го удри судијата во лицето.
Уште неколку луѓе истрчаа на теренот, клоцајќи го судијата додека тој лежеше на земја.
Коча и уште двајца мажи беа уапсени во вторникот, а судијата беше хоспитализиран.
Судијата Мелер денеска ја напушти болницата, а Коча се извини и најави оставка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Само реми за Наполи против Удинезе (ВИДЕО)
