Connect with us

Тухел: Немаме внатрешна информација колку Абрамович е вмешан во војната

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, ја призна сериозната неизвесност околу лондончани во овој момент, што ги погодува играчите на клубот. Сè позабележително е во Велика Британија дека јавноста бара уште посериозни мерки, па дури и отстранување на „сините“ од нивниот сопственик – рускиот олигарх Роман Абрамович.

Тој е сопственик на клубот од 2003 година, но пред два дена официјално му беше забранет влезот во Британија како дел од санкциите како близок човек на претседателот Владимир Путин по руската инвазија на Украина.

„Не смееме да се правиме дека тоа не е проблем. Ситуацијата е страшна. Никој не го очекуваше ова што се случува, тоа е нереално. Ова ја замаглува возбудата на натпреварот и носи голема неизвесност, но многу повеќе е за луѓето кои се директно инволвирани, па им испраќаме најдобри желби. Околу нашиот клуб владее голема неизвесност, во Велика Британија кружат секакви сценарија. Свесни сме за ова, но немаме внатрешни информации колку точно е вклучен нашиот сопственик во сето ова. Сепак, не чувствуваме одговорност за тоа што се случува, иако е страшно и можам да ги разберам критичките ставови на клубот и на нас. Војната во Европа ми беше незамислива. Ова е нешто премногу сериозно за да се исклучи, не е изолирана ситуација, ја погодува Европа, а ние сме дел од неа и не можеме се да оставиме зад себе. Сепак, имаме привилегија да живееме во мир и слобода таму каде што сме сега, да играме фудбал во емотивна, но мирна средина со навивачите на стадионот“, изјави Тухел.


Вечерва Челзи ќе се соочи со Ливерпул во финалето на Лига купот на Англија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови