Connect with us

Тухел: Немам објаснување за тоа како загубивме од Лајпциг

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, го прокоментира поразот на неговиот тим со 1-3 од Лајпциг во 33. коло на Бундес – лигата. Според тренерот на Баварците, неговите играчи прерано се откажале за да се изборат за поубедлива победа откако поведоа во 25. минута.


„Добро го започнавме натпреварот. Поведовме и можевме да постигнеме втор гол. По 30 минути престанавме да играме. Во вториот дел не бевме на теренот. Не можам да го објаснам тоа. Гледам дека тимот е во добро расположение на тренинзите, а добро се одморивме пред овој натпревар. Немам објаснување за тоа што се случи“, изјави Тухел по натпреварот.

Баерн Минхен со овој пораз и овозможи на Борусија Дортмунд голема шанса за освојување на титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови