Адама Траоре би можел да биде изненадувањето на Томас Тухел во овој преоден рок.
Од Островот доаѓаат информации дека Адама е на потесниот список на потенцијални засилувања на Челси и дека зделката би можела да биде комплетирана до крајот на преодниот рок.
Траоре се врати во Вулверхемптон по шестмесечната позајмица во Барселона, која ја одби понудата да го откупи за 30 милиони евра.
Сепак, Адама Траоре гледа кон нов клуб бидејќи влегува во последната година од договорот и „волците“ сакаат да заработат од неговата продажба.
Траоре дефинитивно би се вклопил на крилните позиции во преферираниот систем 3-4-3 на Тухел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













