
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, го објасни ремито 2-2 на гости кај Фрајбург. Баварците водеа до самиот крај на мечот, но примија израмнувачки гол во 87. минута.
Стратегот смета дека тимот не одиграл на потребното ниво во текот на целиот натпревар.
„Не одигравме добро во првиот половина час и заслужено заостанувавме во резултатот. По паузата имавме иницијатива, но не можевме да победиме. Домаќините имаа среќа со израмнувачкиот гол“, изјави Тухел.
„Очигледно беше дека сакаме да покажеме одлучност и карактер, но тоа го направивме дури по примениот гол. Натпреварот беше донекаде хаотичен. Факт е дека до 30. минута игравме непромислено“, потенцираше стратегот, кој по завршувањето на сезоната ќе го напушти Баерн.
„Едно добро полувреме не е доволно за победа на овој стадион“, додаде Тухел.
Баерн заостанува седум бода зад Баер Леверкузен на табелата во Бундес-лигата и има еден одигран натпревар повеќе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
